Печена тиквичка


Лесно летно предјадење за сечиј вкус.
Состојки:
- тиквички - 2
- црвени домати - 2-3
- китка магдонос - 1
- чешниња лук - 5-6
- сол -
- киселина -
Инструкции:
Се лупи тиквицата и се сече на тенки кругови .Во меѓувреме се сецка магдонос и лук а исто така и црвениот домат се сече на тенки ленти.
На тефлонска тава ставаме масло колку да се намрси тавчето и откако ке се загрее се почнува со печење на тиквицата .Ја потпекуваме од двете страни и додека се топли редиме во тавчето ред тиквица ред домат, ги посолуваме и ставаме киселина и врз нив додаваме измешано ситно исецкан магдонос и лук.
Постапката ја повторуваме се додека не се потроши целиот материјал. Оставаме во ладилник да се излади и спремно е за сервирање како додаток покрај главното јадење.