Луто-кисели пилешки крилца

Комбинациите на различни вкусови често можат да бидат прилично интересни. Такви се и овие пилешки крилца кои во исто време се и кисели и лути.
Состојки:
- Пилешки крилца - 20 крилца
- Соја сос - 4 лажици
- Мед - 4 лажици
- Лук во прав - 4 лажички
- Кечап - 4 лажици
- Лута пиперка во прав - 1 лажица
- Бибер - 1 лажичка
- Сок од лимон - 1/2 лимон
Инструкции:
Чекор 1:
Ставете ги пилешките крилца во сад за печење и печете ги на 180 степени. Во посебен сад измешајте сок од лимон, кечап, соја сос, мед и сите зачини наведени во потребните состојки.
Чекор 2:
Кога крилцата ќе почнат да добиваат кафеавкаста боја од сите страни, извадете ги од рерната и едно по едно ставете ги во претходно подготвениот сос со цел да бидат покриени во него од сите страни. Потоа вратете ги во рерната и печете уште максимум 10 минути.
Чекор 3:
Пред да ги сервирате можете одозгора да ги наросите со издробени јаткасти плодови (бадеми, ореви, лешници или ’фстаци) или со сусам.