Божиќно лепче

Сладок леб за новогодишните и божиќните празници :)
Состојки:
- Суво грозје - 1 чаша
- Светол рум - 2 лажици
- Топла вода - 2 лажици
- Брашно - 500 гр.
- Шеќер - 150 гр.
- Сув квасец - 1/2 лажичка
- Сол - 1/2 лажичка
- Изрендана кора од лимон - 1/4 лажичка
- Ванила стапче - 1/2
- Јајца - 3
- Млака вода - 160 мл.
- Мед - 1 лажица
- Путер (изматен) - 10 лажици
- Путер (растопен) - 1 лажица
- Путер - 1 лажица
- Кандирана кора од портокал - 150 гр.
Инструкции:
Чекор1:
Прво, сувото грозје прелијте го со рум и оставете го некое време на собна температура да отстои. Во друг сад измешајте ги брашното, шеќерот, квасецот, солта, кората од лимон и ванила стапчето и изматете со миксер.
Чекор2:
Во друг сад измешајте ги јајцата, млаката вода и медот, а потоа додадете ја во претходната смеса во другиот сад и мешајте со миксер се додека не се добие хомогена смеса. Потоа, додадете го растопениот путер, лажица по лажица. Матете околу 8 минути додека не стане тестото мазно.
Чекор3:
Сувото грозје исцедете го и измешајте го со кандираната кора од портокал и 1 лажица растопен путер, а потоа додадете ја оваа смеса во тестото и измешајте. Тестото ставете го во поголем сад, покриено со фолија 12-15 часа.
Чекор4:
Откако ќе отстои, тестото ставете го на набрашнета површина. Калапот за печење припремете го така што ќе го измастите по краевите и ќе го покриете со хартија за печење. Тестото посипете го со брашно, а краевите свиткајте ги кон внатрешноста за да добиете топка. Превртете ја опачината на тестото и ставете го во калапот за печење. Оставете да порасте на собна температура покриено со влажна крпа 3-5 часа.
Чекор5:
Загрејте ја рерната на 190 степени. Нараснатото тесто расечете го одозгора во Х буква. Во вдлабнатината на Х буквата прелијте со растопен путер, Ставете го капалапот во загреана рерна и оставете го да се печи 60-75 минути.
За да остане меко лепчето завиткајте го во пластична фолија и оставете го на собна температура.