Ѓомлезе

Ѓомлезе, едно од најубавите и највкусни јадења, карактеристично за западниот дел на Македонија.
Инструкции:
Се става брашното во вангла и по желба се додава сол. Се додава вода, се мати со миксер. Во една тепсија ставате малку масло и ја ставате да се загрее на огниште. Во неа се ставаат редови од добиената смеса и така се прави се’ додека не се потроши целата смеса. На секоја кора се додава масло.
Се сече по желба и се остава да се пече под вршник околу 45 минути. Се сервира со сирење и задолжително со јогурт.