Празнично варено вино

Топлото варено вино ни ги топли рацете и го поттикнува празничниот дух веќе со генерации. Подгответе го овој одличен напиток и уживајте со најблиските. Еве го вашиот омилен рецепт за варено (греено) вино.
Состојки:
- црвено вино - 1 шише
- вода - 1/2 шолја
- шеќер - 1/2 шолја
- бренди - 1/4 шолја
- стапчиња цимет - 2
- ванила - 1 страк, исечен надолж
- мандарини (без семки) - 4
Инструкции:
Има ли подобра идеја за празниците од затоплување со варено (греено) вино? Еве како можете да се згреете прописно. Повелете рецепт за варено (греено) вино!
Чекор 1:
Ставете ја водата и шеќерот во тенџере на висок оган, и мешајте додека не се раствори шеќерот. Исцедете 4 мандарини и додадете ги во тенџерето.
Чекор 2:
Додадете ги останатите состојки и варете се додека виното не почне да крчка. Исклучете го оганот и поклопете го тенџерето со капак. Оставете го напитокот да отстои околу половина час пред да сервирате.
Чекор 3:
По желба може да го процедите вареното вино пред сервирање.