Шпагети „Примавера“

Вкусна, по малку невообичаена комбинација на црвената ајварка - пиперка со шпагети, колбас/кулен, маслинки зеленчуци и кремаст од павлака или јогурт. Една вкусна и калориска бомба.
Состојки:
- Шпагети - 500 гр
- Грашок - 1 филџан
- Моркови - 1-2
- Домати - 1-2
- Црвени пиперки - 2-3
- Кромид - 1 главица
- Лук - 3-4 чешниња
- Маслинки - неколку
- Кашкавал - слободна мера
- Салами колбас или кулен - слободна мера
- Малечка павлака/јогурт - слободна мера
Инструкции:
Се користи сезонски или каков имате зеленчук + маслинки, запржен на путер со малку вегета, црн бибер и лук.
За сосот од печена црвена пиперка се запржува половина главица кромид со 2-3 чешниња лук. Запржените лук и кромид се пасираат заедно со 2-3 печени и излупени црвени пиперки. Можат да се користат било какви пиперки, свежи или конзервирани, во кој што случај, немаат потреба од дополнително печење, а само се пасираат. Испасираната смеса се запржува заедно со исецкан салами - мешан колбас (широк, дебел колбас кој наликува на кулен).
Дополнително, за сосот... на путер се запржува половина лажичка брашно и се додава +/- голема шолја говедски или друг вид на растворен буљон. Штом смесата зоврие и постигне густина, со неа се прелева испасираната смеса од пиперка, кромид, лук и колбасот. Сосот се остава да прокрчка неколку минути, а потоа, во него се додаваат сварените шпагети заедно со една малечка павлака/јогурт и неколку лажички пармезан/рендан кашкавал, по желба. Се зачинува по вкус.
Букатините во сос се оставаат неколку минути па се тргаат од оган. Кон нив, се додава запржениот „примавера“ зеленчук и смесата се замешува за да се изедначи.
Се сервира во чинија и се порусува со пармезан или друг кашкавал, свеж домат итн.
Дополнително може да се додаде плус павлака и зачини (црн бибер, оригано и сл.).