Лахмаџун


Лахмаџун или турска пица е традиционално турско јадење.
Состојки:
- Фил
- мелено месо - 500 гр
- чешниња лук - 3
- кромид - 5 главици
- кечап - 100 мл
- доматен сос или салца - 100 мл
- магданос - 1 китка
- црвен пипер - 2 лажички
- оригано - 3 лажички
- Тесто
- брашно - 500 гр
- вода - 300 мл
- сол - 2 лажички
- шеќер - 1/2 лажичка
- масло - 5 лажици
Инструкции:
Ситно се сецкаат кромидот и лукот (може и да се изрендаат за да подобро се измешаат во смесата). Се додаваат во меленото месо, заедно со доматниот сос и салцата (може да се користат и ситно сечкани домати наместо салца). Се додаваат зачините и сето тоа се меси. Се додававаат и две лажици брашно за да смесата биде поцврста.
Тестото се замесува слично како за пица и се расукува на тенки округли кори, на кој се премачкува тенок слој од филот. Потоа се пече во рерна на 200 степени, околу 10 минути, додека да зарумени.
Откако ќе се испече, се расекува на четвртинки, одозгора се става ситно сечкана марула или може рендана зелка, морков, домат, кромид и сл. зеленчук по избор.
Се консумира во комбинација со јогурт, се разбира Balans+ :)