Есенски ручек од тиква и грашок

Сите ја знаеме печена и слатка, но овој есенски рецепт ќе Ви предложи малку поинаков лесен, вкусен и брз ручек со солена тиква.
Состојки:
- Неутрален путер - 2 Лажички
- Кромид - 1
- Лук - 1
- Кари во прав - 1/2 лажички
- Сол - 1/2 лажички
- Свежо мелен црн пипер - 1/2 лажички
- Тиква - 2кг
- Црвен Компир - 2
- Пилешка супа - 1
- Суво грозје - 3/4
- Замрзнат грашок - 3/4
Инструкции:
Чекор 1:
Додадете го путерот во голема тава на средна-висока температура, во така загреан путер додадете кромид и гответе околу 5 минути додека кромидот добие жолто-златна боја. Потоа додадете го и лукот и гответе уште една минута. Во самото мешање додадете кари, сол и пипер.
Чекор 2:
Во веќе направенот сос додадете ги тиквата и компирите и со често мешање гответе 5 минути. Додајте супа по ваш избор и суво грозје за декорација. Покријте ја тавата и намалете ја температурата на средна.
После 15 минути додатете го грашокот. Оставете на тивко да се готви уште 5-10 минути.
Чекор 3:
Украсете по желба со магдонос.